Селф хелп совети за борба против зимската депресија

Сезонското растројство е вид на депресија која се јавува во зима и е поврзана со недостаток од сончева светлина.

Покусите денови и подолгите ноќи можат да го нарушат нашиот биоритам, кој пак регулира повеќе телесни процеси и е под влијание на дено-ноќниот циклус. Нарушениот биоритам може да влијаат во делот на мозокот кој делува врз расположението, предизвикува замор,  губење на енергија поради недостаток од сон.

Светлосната терапија (почесто изложување на сонеце) е главен третман за сезонското растројство.

Спијте повеќе навечер

Нарушениот распоред на спиење може да предизвика несоница и дневна поспаност. Подгответе се за спиење еден час пред да легнете, затемнете ги светлата, направете си топла бања, избегнувајте расправии или пак користете емотивни моменти кои ќе ве опуштат.Избегнувајте да користите телефон пред спиење бидејќи тоа го отежнува заспивањето, мобилните продуцираат силна светлина која го лаже окото дека е дневна. Имајте ред во спиењето, односно легнувате и станувајте во исто време.

Одете надвор на прошетка

Прошетката го зголемува расположението, прави да се чувствувате подобро и го намалува стресот. Дури и мала активност како што е одење од 20 минути може да ги намали симптомите на депресија. Излегувањето правете го преку ден, ако пак одите да вежбате правете го тоа наутро место навечер бидејќи вежбањето неколку часа пред спиење ја зголемува температурата на телото што е лоша идеја.

Дружете се со други

Дали хибернирате во текот на зимата?

Социјалната изолација е честа појава кај луѓето со сезонско растројство, а изолацијата може да предизвика депресија. Изолацијата е исто толку лоша колку што е пушењето по 15 цигари на ден. И покрај тоа што не ви е до излегување,сепак малку дружење може да направи разлика во расположението.

Побарајте медицинска помош!

Не ретко сезонската депресија може да биде кобна по здравјето на луѓето. Барање помош од психијатар и третман на менталното нарушување поради времето секако е од помош за подобар сон или јакнење на расположение.