Човештвото се соочува со „уништувачки домино ефекти“, вклучувајќи масовно раселување и финансиска пропаст додека планетата се загрева

Многу од најголемите закани за човештвото се приближуваат, бидејќи загадувањето со јаглерод ја загрева планетата на уште поопасни нивоа, предупредуваат научниците.

Според извештајот на Global Tipping Points, веќе се ризикува да се надминат пет важни природни прагови, а уште три може да се достигнат во 2030-тите ако светот загрее за 1,5 степени Целзиусови над прединдустриските температури.

Активирањето на овие планетарни поместувања нема да предизвика температурите да излезат од контрола во наредните векови, но ќе предизвика опасна и голема штета врз луѓето и природата а изгубеното нема да може да се врати.

„Тие можат да предизвикаат разорни домино ефекти, вклучително и губење на цели екосистеми и капацитет за одгледување основни култури, со општествени влијанија, вклучувајќи масовно раселување, политичка нестабилност и финансиски колапс“, велат научниците.

Високите точки на ризик вклучуваат колапс на големи ледени плочи на Гренланд и на Западниот Антарктик, широко распространето одмрзнување на вечниот мраз, смрт на коралните гребени во топлите води и колапс на атмосферската циркулација во Северниот Атлантик.

За разлика од другите промени во климата, како што се пожешките топлотни бранови и пообилните врнежи, овие системи не се менуваат полека во согласност со емисиите на стакленички гасови, туку можат да се превртуваат од една во сосема друга состојба. Кога климатскиот систем се превртува – понекогаш со ненадеен шок – може трајно да го смени начинот на кој работи планетата.

Научниците предупредуваат дека постојат големи неизвесности околу тоа кога таквите системи ќе се сменат, но извештајот покажа дека уште три точки климатски точки наскоро може да се приклучат на листата. Тие ги вклучуваат мангровите (дрва што растат во крајбрежјето на солени води) и ливадите со морска трева, кои се очекува да изумрат во некои региони ако температурите се зголемат помеѓу 1,5 и 2 Целзиусови степени, и бореални шуми (тајгата) , кои може да се загреат до 1,4 Целзиусови степени или до 5 Целзиусови степени.

Climate Action Tracker процени дека нивните цели за емисии за 2030 година ја ставаат планетата на пат да загрее 2,5 степени Целзиусови до крајот на векот и покрај ветувањата од земјите на претходниот самит дека ќе се обидат да ја ограничат на 1,5 Целзиусови степени.

Извештајот за точките на превртување, изработен од меѓународен тим од 200 истражувачи и финансиран од Bezos Earth Fund, е најновото во серијата предупредувања за најекстремните ефекти од климатските промени.