Данокот што го плаќа менталното здравје од родителствување со нарцис

Размислуваш да почнеш да се гледаш со нарцис, а замисли да воспитуваш дете со еден. Експертите по ментално здравје предупредуваат дека заедничкото родителство со нарцис може да биде еден од најпредизвикувачките потфати што некој може да ги доживее. Тоа му доаѓа како “нагазна мина” од психолошки проблеми. На нарцисот- родител мора да му се стави граница, бидејќи неможеш да бидеш ко-родител со некој што се спротивставува на секој твој потег. 

Данокот што го плаќа менталното здравје од родителствување со нарцис

Воспитувањето деца со нарцис е тешко без разлика дали сте во врска или пак сте разделени. Психолозите велат дека тактиките на злоупотреба што ги практикуваат нарцисите вклучуваат црна кампања, долевање бензин и обид да се користат  децата против вас.

Како резултат на тоа родителите може да доживеат анксиозност, депресија, пострауматски стрес, безнадежност, осаменост и изолација. Да не зборуваме за оние кои за доброто на своите деца болката ја ставаат под тепих. Тоа е како да се обидуваш да останеш смирен среде воена зона поради сиот стрес , хаос и злоупотреба. Понекогаш поради акумулираниот стрес во вас правите постапки кои не личат на вас. 

Психотерапевтите велат дека нарцисите ќе се обидуваат да ги измамат правилата ,ова важи за плановите за родителство и договорите за старателство. Тоа може да ја доведе во прашање вашата вредност како личност и како родител што пак може да доведе до сериозни проблеми во идните врски.

Што се случува кога нарцисите се родители.

 Нарцисите ќе се обидат да ги користат своите деца против поранешниот партнер со тоа што ќе ги манипулираат да не веруваат во него или ќе го обвинат за работа за која се тие виновни. Нарцисите нема да го почитуваат или ќе го понижуваат другиот родител пред нивните деца . Во ваков случај родителот треба да ги учи децата за важноста на границите, емпатијата и љубезноста кон другите. Треба да им кажете на вашите деца дека ако некој се однесува со нив на начин на кој не им е удобно тогаш е во ред да кажат-не.

Дали нарцицизмот е генетски?

Нарцисот се создава ,не се раѓа. Како да го спречите вашето дете да стане нарцис. Следете ги овие совети. Документирајте се, нарцисот мора да се натера да биде одговорен, имајте адвокат кој го познава семејното право и кој има искуство со ко -родителство со висок конфликт.Учете ги на емпатија вашите деца и почитуваје ги нивните чувства. Ова исто така ќе ги намали шансите вашите деца да пораснат во нарциси. Пополнете ги празнините и научете ги децата како изгледа здрава врска.