Според податоците што ги објави европската статистика Северна Македонија има зголемување во споредба со минатите години

Според податоците на Евростат најмногу ѓубре со вкупно 827 кг по жител фрлаат австријците, по нив се данците со 787кг по човек. 

Во 2022 година, количината на комунален отпад создаден по лице во Европа изнесува 513 кг, 19 кг или 4% по лице помалку отколку во 2021година. 

Најмалку отпад генерирале романците, па пољаците, сепак според анализата различната количина на отпад меѓу земјите во Европа се должи на разликите во моделите на потрошувачка, економското богатство и собирањето и управувањето со комуналниот отпад. Побогатите фрлаат и повеќе.

Земјите се разликуваат и во однос на тоа колку отпад од трговијата и администрацијата се собира и управува заедно со отпадот од домаќинствата. 

Нашата земја бележи зголемување на комуналниот отпад, па така македонците фрлиле 467 кг ѓубре по жител, од балканските земји единствено Црна Гора фрла повеќе ѓубре од нас. Изостануваат податоци за рециклирање во земјава бидејќи во домаќинствата тоа не се применува. И во оваа категорија Австрија води со 516 кг рециклиран отпад по лице. Најмалку ѓубре рециклираат романците само 36 кг по човек.

Лошото управување со отпад во земјава се гледа насекаде околу нас по валканите улици, преполнетите контејнери, во дивите депонии што горат покрај патиштата и ридовите ѓубришта што се слеваат по реките. Во последниот извештај на ЕК за напредокот стои истата констатација дека закони за управувањесо отпадот има, ама нема спроведување.

“Започнати се активности за создавање регионален систем за управување со отпад во неколку региони. Посебното собирање текови на отпад и економските инструменти за промовирање на рециклирањето, повторната употреба и спречувањето за создавање отпад остануваат ограничени – се констатира редовно во европскиот извештај”