Секако, „да се оди на кафе“ или „да се напиеме пијачка“ е убаво, но тоа е единствената атмосфера што дефинитивно не ви е потребна на прв состанок или 50-ти состанок

Од очигледни причини, но и поради науката мозочните хемикалии кои се ослободуваат за време на годишнина од врската се создаваат и кога ќе се вклучите во нови активности заедно, велат психолозите за врски. Накратко, менувањето на вашите планови може да помогне да се одржи расположението.

Плус, со класичниот предлог ајде да се сретнеме во бар, многу луѓе некако… губат интерес за запознавање преку пиење и јадење. Всушност, 72% од членовите на Тиндер велат дека пијат само повремено или воопшто не пијат. И како и да е, нашиот мозок копнее за разновидност велат психолозите и предлагаат авантуристички состаноци кои ќе бидат забавни без разлика кој е вашиот партнер. Дури и ако заврши како неуспех, еј, барем и двајцата ќе имате приказна за раскажување.

Сега, не ви предлагаме да мора да одите на скокање со падобран или да фрлите еден тон пари на нешто супер диво (иако, тоа е ваша работота). Подолу, ви ги предлагаме уникатни состаноци. Апсолутно слободно можете да украдете кое било од овие доживувања за себе.

„Цветна градина за прв состанок. Беше навистина убаво бидејќи немаше никаков притисок да се јаде или пие алкохол. Опкружени со убава глетка и ми се допадна што беше во јавен амбиент.“ – Алек, 30

„За прв состанок, отидовме на качување по карпи, а потоа се напивме во блискиот паб.“ – Марко, 30

„Бевме на стенд ап комеди настап, беше забавно, се смеевме, тоа беше трет состанок, така што веќе имавме мала врска.“ – Тина 26

„Еден од моите рани состаноци со мојот сега вереник беше во соба за дегустација на вино. И двајцата бевме облечени во свечени костуми и држевме широки чаши, така што се чувствував фенси и добив впечаток дека го импресионирав. – Сара, 29

„На нашиот втор состанок, прелиставме тезга за половни книги и разговаравме за книгите што ни го промениле животот.“ – Маја, 34

„Отидовме на бесплатен летен концерт во паркот. Си купивме лименки и го поминавме времето разговарајќи на ќебе. Потоа танцувавме. Го сакав тоа што ме натера да се чувствувам доволно удобно за да излезам малку надвор од мојата комфорна зона и што само сакаше да се забавуваме заедно на нашиот прв состанок.“ – Биба, 31

„Отидовме на изложба за африканската култура, слободата на народите прикажани низ слики и предмети не фансцинира и денес често одиме на поставки – Емили, 33