Изостана поканата за германската екстремно десничарска партија на Берлинскиот меѓународен филмски фестивал

Берлинаре започна во Берлин во 1951 година под мотото Приказ на слободниот свет и е еден од најголемите филмски фестивали заедно со канскиот и венецијанскиот.

На фестивалот кој се отвора денеска ќе учествува филмскиот режисер мартин Скорсезе и актерите Кристен Стјуард и килијан Марфи. Но контроверзии има уште пред да биде поставен црвениот тепих имено не поканувањето на германската ектремна десничарска партија Алтернатива за Германија ја разбранува јавноста.

По неколкудневни дискусии менаџерите на фестивалот ги повлекоа поканите за петтмина политичари на АФД а тие се пожалија пред јавноста дека не се добредијдени. Од фестивалот одговорија дека ваквата одлука е донесена во корист на отворената демократија и поради експлицитно антидемократските позиции на партијата.

Протести против крајната десница

Последните недели во германија се случуваат бројни протести против екстремната десница откако германските истражители објавија извештај во кој има детали од таен состанок на кој присуствувале неонацисти, деловни луѓе и членови на партиите АФД и ЦДУ а се разговарало за таен план за масовна депортација на милиони имигранти.

Стотици илјади луѓе излегоа на улица а земјата се најде среде дебата дали антимиграциската партија чија популарност расте во анкетите е закана за уставот. Повеќе од 200 филмски работници во отворено писмо искажаа бес од поканата на екстремистички политичари на фестивалот.

Пркост во Германија : Дали масовните протести можат да ја запрат крајната десница?

Присуството на екстремните десничари го прави небезбеден фестивалот бидејќи на истиот можеби ќе присуствуваат Евреи, жени, ЛГБТ+, Роми и други кои во минатото се соочија со прогон и геноцид од друго национално-конзервативно движење во Германија.

Политичко минато на Берлинаре

Годинава ганскиот режисер Ајо Цалитаба се повлече од фестивалот како знак на протест против германската позиција во војната во Газа.

Првото издание на Берлинаре беше 1951 година во време на пикот на студената војна, Ребека на Алфред Хичкок го отвори фестувалот.

Фокусот на фестивалот се промени во 60-те години токму од политичките движења во свтетот, филмот на Мјкл Верховен за виетнамската војна ,,ОК,, предизвика жестоки контроверзии на изданието во 1970 кога жирито поднесе оставка а програмата беше откажана. Се чини дека и денес фестивалот не го одминуваат политичките настани.

DW