Авионската поврзаност ја стави Болоња на патувачката листа кај многу македонски пустолови. Еве како да ја почувствувате автентичноста на градот


Веднаш покрај плоштадот Маџоре, централниот плоштад во Болоња, Квадрилатеро ги заведува сите сетила. Бакалите им продаваат парчиња орев, богато сирење Пармиџано Реџиано на пребирливите купувачи, заедно со парчињата пршута ди Парма ,тенки како жилет кои се топат на јазикот. Винските барови шумливо го истураат локалното вино пињолето во широките чаши, заедно со даски со топла фокача, лесно солена мортадела од тревки и балсамико толку вкусено што има вкус поблиску до сируп од темно чоколадо отколку до оцет.

Овие вкусови се наследството на храната на Болоња уште од средниот век, кога првите добавувачи отворија продавници на на Квадрилатеро. Од солени сирења и сувомеснати производи, до тортелини, рагу Болоњезе и лазањи (чиј оригинален рецепт од 13 век е архивиран во Стопанската комора на Болоња.)

Но, храната е само еден аспект од привлечноста на  Болоња, има прекари кои ги добила по нејзините црвени тули и левоориентираната политика (Ла Роса), нејзините иконски кули (Ла Турита), нејзината храна (Ла Граса, дебелата) , и нејзиниот илјадагодишен универзитет (Ла Дота). 

Овде има и воздух на модерност, благодарение на младешките вибрации во колеџ-градот што ја одржуваат заедницата и културата преку баровите, музиката, филмот, ликовната уметност и уличната уметност.

Преку улиците, многу од нив покриени со иконите на градот, патниците можат да го замислат животот каков што бил пред неколку векови, дури и додека пијат шприц и присуствуваат на филмските и уметничките отварања. 

И додека Рим, Венеција, Милано, Фиренца и други фантастични италијански дестинации останаа во фокусот на повеќе од 75 милиони посетители на Италија минатата година, посетата на помалку туристичката Болоња е посебно задоволство.

Дополнителен бонус е тоа што Болоња е центар на италијанската ѕвездена мрежа на возови и автопатишта и центрар во регионот Емилија-Ромања. Така, патниците можат да се вратат од повеќето големи градови и да додадат некои од регионалните знаменитости како Парма, Модена (позната по музејот на Ферари) и крајбрежниот Римини.

Што да се прави во центарот на Болоња

Суштината на Болоња започнува во срцето на градот, каде Пјаца Маџоре е собиралиште и временска капсула. Датира од 1200 година, овој широк правоаголник е опкружен со врвни знаменитости и прекрасни тремови.

Базиликата Сан Петрони го краде шоуто, делумно поради нејзината големина, делумно поради својата легендарна фасада која остана недовршена кога папата од 16 век одлучил дека ќе ја надмине базиликата Свети Петар во Рим и ја затворил нејзината изградба. Внатрешноста на Сан Петрони е неверојатно огромна, со прекрасни и понекогаш прогонувачки мурали кои ги красат капелите, плус најдолгиот сончев часовник во светот (220 стапки) е поставен од астрономот Касини во 1655 година. Ова не е официјална градска катедрала. Тоа е барокната Болоњска катедрала, еден блок над Виа дел Индипенденца каде што ќе најдете некои од највеличествените религиозни уметнички дела во градот. 

На северозападниот агол на плоштадот се наоѓа најпознатата точка за состаноци во градот. Од 1566 година, Фонтаната на Нептун владее со овој простор, и самиот е џиновски, мускулест бронзен бог, опкружен со четири морски нимфи кои лудо исфрлаат вода од своите пазуви. 

Некогаш, богатата Болоња била дом на голем број кули изградени главно од богати семејства како статусни симболи. Денес останувале помалку од 20 кули, а многу од нив не се безбедни. Една од нив е навалената кула Гарисенда која е под лупа, а кулата Асинели, е привремено затворена за посетителите кои сакаат да се качуваат по нејзините скали. За среќа, Саат-кулата на плоштадот неодамна беше отворена за посетителите и вреди да се искачите за да ги видите нејзиниот механизам од 15 век и видикот. 

Додека сте на плоштадот, не пропуштајте да ѕирнете во прекрасната библиотека Салаборса, историски простор во сендвич помеѓу светларникот и стаклениот под, под кој ќе видите антички римски урнатини. 

Од другата страна на плоштадот, придружете се на тура за да ја истражите палатата Архигинасио, првото седиште на Универзитетот во Болоња (основан 1088 г. н.е.), жива реликвија со впечатлива библиотека, двор и „анатомски театар“ украсен со фигури на голи луѓе со изразена кожа.

Каде да се јаде во Болоња

Локалните жители знаат дека колку и да се чувствувате сити, секогаш има место за уште малку од неверојатната храна на Болоња. Резервирајте однапред во најпопуларните ресторани, како што е наградуваниот Траториа да Ме. Отворен од 1937 година, денес шоуто го води внуката на основачот, усовршувајќи го во покреативни верзии на класичната болоњска кујна. Уживајте во домашната атмосфера во Траторија Ла Монтанара тука ќе се чувствувате како да вечерате со семејството, има компактно мени од спектакуларни класици, вклучувајќи богати тортелини (во супа, стандардно јадење од Болоње) и незаборавни печени зелени лазањи. Јадете локална храна од рачно изработени тестенини и бавно варено месо во Ристоранте Да Касери рустикален ресторан за јадење, семеен, од 1955 година.

Далеку посовременото јадење има во Ахиме, со смело мени со сезонски производи и месо од одржливи фарми. Овде може да најдете шпагети со кокос и кари или равиоли од тиква со оцет од кајсија. Полесни залаци за појадок и ручек има во Форно Бриса, „бунтовничка пекара“ со неверојатни лебови, колачи, чоколади и кафе. Или, пак, посетете го затворениот пазар за свежо, Меркато деле Ербе, од стариот век, за да каснете во еден од неговите ресторани на стоење или за седење.  Плоштадите надвор од пазарот секоја вечер стануваат забавен центар за ноќениот живот, со барови како Сенца Номе,  со келнери со оштетен слух кои користат белешки со слики од пијалоци за нарачки.

Каде да се сместите во Болоња

Болоња изобилува со прекрасени бутик хотели сместени во поранешни замоци од 14 век, со автентичен италијански мебел и оригинални фрески во неговите соби. Овие хотели се полуксузни и чинат околу 500 евра по ноќ. Класичните хотели се повеќе достапни па може да се најде соба за 50 до 100 евра по ноќ. Поефтина солуција е да се сместите надвор од градот доколку изнајмите автомобил, во прекрасниот регион на Емилија -Ромања.