Лидерите се собираат во Бразил за да најдат решение од избегнувањето данок од страна на супербогатите
Групата Г20 на најмоќните земји во светот планира глобален минимален данок за 3.000 милијардери во светот, со цел да се стави крај, супербогатите да плаќаат помалку од остатокот од населението.
Лидерите кои се собраа во Сао Паоло на состанок на Г-20 на министрите за финансии и гувернерите на централните банки, ќе разговараат за меѓународно договорениот backstop за оданочување на богатите поединци, во услови на зголемена глобална соработка за справување со избегнувањето на данок.
„Сакаме Европа да ја преземе оваа идеја за минимално оданочување на поединци што е можно побрзо, а Франција ќе биде во првите редови“.
Францускиот министер за финансии повика на годишна давачка од 2 отсто за богатството на најбогатите поединци во светот како почетна точка за глобален минимален данок.
Се проценува дека мерката може да собере 250 милијарди долари годишно од 2.756 познати милијардери, за кои заедно се верува дека вредат 13 трилиони долари. Идејата се заснова на договорот од 2021 година меѓу 140 земји за воведување глобална минимална даночна стапка од 15% за најголемите мултинационални компании.
Но сето тоа би одело бавно со оглед на тоа што на глобалниот минимален корпоративен данок му беше потребна една деценија за да се воведе, со релативно ограничено движење до изборот на американскиот претседател Џо Бајден, кој ја застапуваше политиката.
Користејќи холдинг-компании, офшор фирми повеќето милијардери се способни да платат многу пониска стапка на данок како дел од нивниот приход од остатокот од населението. Даночната опсерваторија на ЕУ, која е финансирана од ЕУ, проценува дека тие плаќаат еквивалент од 0-0,5% од своето богатство во персонален данок на доход.

Во земјите како Велика Британија, Франција, САД и Бразил, супербогатите плаќаат ефективна даночна стапка пониска од просечниот работник, земјите од Г20 се дом на речиси четири од пет милијардери во светот.
Активистите за даночна правда ги опишаа дискусиите во Бразил како клучен момент.
На состанокот се кажа дека најбогатите 1% поседуваат 43% од финансиските средства во светот и испуштаат исто количество јаглерод како и најсиромашните две третини од човештвото.
Според листата на најбогати во Европа објавена од агенцијата Пиксел, во нашата земја нема милјардер.