Речиси секоја втора жена страда од нарушување на тироидната жлезда често ги пропуштаме симптомите
Вистинската приказна на Александра

Косата почна да ми опаѓа на 19 години, живеев класичен студентски живот. Во втора година на факултет, наутро јадев кифли од студентското бифе а навечер по некоја пијачка со колегите. Немав рутина за вежбање, често бев над книгата дома или во читалната на филолошкиот факултет. Но, набрзо прамени од косата почнаа да остануваат на четката и стана очигледно дека нешто не е баш во ред. Постојано бев исцрпена, како да имав магла во мозокот и кожата ми беше сува.
Се испостави дека боледувам од Хашимото тироидитис, автоимуна форма на хипотироидизам (позната како недоволна тироидна жлезда). Ми требаат месеци за да добијам точна дијагноза, а уште повеќе да добијам правилен третман. Првичните посети на мојот општ лекар се состоеја од совети за здрава исхрана. Откако беше идентификуван проблемот, почнав да преземам чекори, но контролирањето на болеста беше долг и трнлив пат.
Никогаш не сум слушнала за болеста пред да ја добијам и немав вистинска идеја за тоа како може да се чувствуваш со неисправна тироидна жлезда. Да знаев повеќе порано, можеби ќе можев да си го вратам и здравјето порано. Разговарав со специјалист и со други кои веќе ја имаат состојбата.
ШТО Е НАРУШУВАЊЕ НА ТИРОИДАТА?
Речиси секоја втора жена страда од тироидна жлезда. Жените имаат до 10 пати поголема веројатност да страдаат од хипотироидизам и хипертироидизам (хиперактивна тироидна жлезда) од мажите. Има дури и неколку познати личности кои страдаат меѓу нив и супермоделот Џиџи Хадид. И покрај светските кампањи за борба против оваа болест младите ги пропуштаат симптомите или уште полошо ги отфрлаат советите на лекарите.
„Еден од проблемите со симптомите на тироидната жлезда е тоа што тие се толку подмолни и широко распространети што може да се помешаат со многу други работи“, велат специјалистите.

СИМПТОМИТЕ НА ТИРОИДНАТА СЕ ПОДМОЛНИ
Тироидната жлезда е мал, но моќен орган лоциран на предниот дел на вратот кој игра главна улога во непреченото одвивање на неколку телесни функции. Поттикнати од хипофизата во мозокот која ослободува тироиден стимулирачки хормон (TSH), тироидната жлезда ги произведува хормоните тироксин (Т3) и тријодотиронин (Т4). Испушта доволно од двата за оптимално регулирање на сè, вклучително и отчукувањата на срцето, циркулацијата, метаболизмот, варењето, па дури и расположението. Ако произведува премалку или премногу од овие хемикалии, тогаш започнуваат проблемите.
Третманот обично се состои од земање хормонски замена за недоволна тироидна жлезда, додека опциите за хиперактивна тироидна жлезда вклучуваат анти-тироидни лекови, терапија со радио-јод или операција, во зависност од околностите. Двете состојби обично може да се идентификуваат преку тест на крвта, но знаците може да бидат толку генерички што дури и доаѓањето до таа фаза може да биде предизвик за пациентите.
ЗНАЦИ НА ПОД ИЛИ ПРЕАКТИВНА ТИРОИДА
Проблемите со тироидната жлезда се почести кај постарите пациенти, што го прави уште поголем предизвикот симптомите кај помладите жени да бидат сфатени сериозно. Лекарите го посочуваат пубертетот, бременоста и менопаузата како три од главните предизвикувачи на состојбата.
ПРЕАКТИВНИ СИМПТОМИ НА ТИРОИДА
Ако тироидната жлезда стане преактивна, тогаш симптомите може да манифестираат:
-Екстремно губење на тежината
-Тресење
-Брз пулс
-Промени во расположението
-Анксиозност или нервоза
-Чувство на жед
-Почести движења на дебелото црево
-Тешкотии со концентрирање
НЕДЕРАКТИВНИ СИМПТОМИ НА ТИРОИДА
-Замор
-Необјаснето зголемување на телесната тежина
-Сува или проретчена коса
-Мускулна слабост
-Бавно чукање на срцето
-Иглички во рацете
-Тешкотии со концентрирање
-Проблеми со меморијата
-Чувство на студ
-Депресија или анксиозност
„Неплодноста е уште едно големо црвено знаме за жените во нивните 20-ти и 30-ти години, ако жените не забременуваат и се чини дека нема јасна причина за тоа, често постои проблем со тироидната жлезда“ велат специјалистите ендокринолози

КАКО ТИРОИДНАТА ВЛИЈАНИЕ НА СЕКОЈДНЕВНИОТ ЖИВОТ?
„Постојано бев уморна, но тоа не беше нормален замор“, се сеќава пациентка (25), на која и беше дијагностицирана Гравесова болест (автоимуна форма на хиперактивна тироидна жлезда) на 19 години.
,,Многу вежбав, напорно учев и недоволно јадев, малку ги игнорирав знаците, но кога почнав да губам килограми и да станувам анксиозна почна да ми биде страв, температурата на телото ми варираше а во еден момент пулсот ми беше 120.
Пациентка (35) „Ми беше дијагностицирано нарушување на тироидата по раѓањето на секое од моите деца. По првата бременост, тироидата недоволно работеше. На крајот, сама се коригира, но по второ бебе, таа разви хипертироидизам. И покрај раното препознавање на симптомите, сепак требаше речиси една година да се дијагностицира.
Земјава нема активна кампања за рано дијагностицирање на болест на тироидна жлезда. Последно пред неколку години се правеа бесплатни ехо прегледи на градскиот плоштад.