Листата го препозна придонесот на техно сцената за културниот идентитет на Берлин

Германското Министерство за култура и комисијата на УНЕСКО ја додадоа техно сцената на Берлин на листата на нематеријално културно наследство во земјата, како признание за придонесот на сцената за културниот идентитет на градот.

Берлинската клуб комисија, мрежа на берлинските техно клубови и музичари, го опиша овој потег како „уште една пресвртница за берлинските техно продуценти, уметници, клубови оператори и организатори на настани“.

„Одлуката ќе ни помогне да обезбедиме клубската култура да биде препознаена како вреден сектор достоен за заштита и поддршка“-велат од мрежата

Статусот на нематеријално културно наследство почесто им се доделува на повеќе традиционални културни активности, како што е танцот во Малави Мвиноге или словачката гајда. Меѓутоа, неодамнешното додавање на листата на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на јамајкаското реге и огромниот индиски фестивал Кумб Мела, ги поттикна лидерите на техно заедницата во Берлин да се залагаат за нивната сцена да биде вклучена во германскиот регистар, кој е одделен од листата на УНЕСКО.

Photograph: Agencja Fotograficzna Caro/Alamy

Техното е фундаментален дел од градот, според Питер Кирн, диџеј и музички продуцент од Берлин изјави: „Во другите градови, луѓето не би прифатиле музика која е навистина тешка или чудна и полна со синтисајзери и навистина брутални, искривени тапани. Не можете да го играте тоа во шпиц во клуб, а камоли на ручек. Тука е сосема прифатливо да се игра тоа за време на ручек.

„Техното стана прибежиште за луѓето кои се маргинализирани, а има природна привлечност кон Берлин како место кое е допусливо“.

Техно сцената е една од шесте нови записи на листата на нематеријално културно наследство во Германија; другите го вклучуваат овошното вино и планинарењето или популарно речено хајкинг. Парадата во Баварија позната како Kirchseeoner Perchtenlauf, каде присутните се облекуваат како крзнени чудовишта, исто така беше додадена на листата.